Балкан

Автомобил влета во море во Хрватска: Неколку лица загинаа!

Автомобил влета во море во Хрватска: Неколку лица загинаа!

Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Сењ, откако автомобил се урна во морето, потврди Полициската управа Лика-Сењ за ХРТ.

Автомобилот се урна во морето во селото Буница, а на местото на настанот реагираа полициски и служби за брза помош, а беа повикани и нуркачи.

„Телата на двајца мажи и две жени беа извлечени од морето“, соопшти полицијата.

Во тек е истрага за да се утврди како се случила несреќата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни