Сите видовме како две жени вербално го нападнаа тогашниот премиер, Зоран Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски бидејќи немаат канализација и асфалтирани улици.
Осум месеци по овој настан, никаква промена во Волково. Баба Перса разочарана од ветувањата, денеска самата ја уредува улицата пред нејзината куќа. Како што вели самата инвестирала и за приклучување на канализационата мрежа.
Промена нема ниту што се однесува на улицата каде што живее другата баба. На другата улица пак, асфалтирањето е направено со самофинансирање, но проблем останува немање канализација и улично осветлување. Базените ги чистат со цевки од по 30 метри сѐ до последниот базен на кој не може да се приклучи ниту едно семејство.
Истите проблеми ги посочува и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Вели дека за да се надминат сите пречки потребни се 14 илјади евра дополнителни средства од оние 700 илјади евра што беа издвоени за воведување канализација во овој дел од градот. Сега ветува дека канализационата мрежа ќе биде изградена следната година.
„Обезбедивме 700 илјади евра за канализацијата во овој дел, го избравме изведувачот, но поради тоа што на терен се појави подземна карта што е близу до куќите, работите се запрени. Ние се обидуваме канализацијата да ја доведеме од останатите делови, од каде што нема куќа. Но, за ова се потребни дополнителни 14 илјади евра. Со сето ова, верувам дека до крајот на следната година канализацијата ќе биде готова“, истакна Александар Наумовски.
Во овој дел од градот има и Дом за стари лица, кој исто така не е приклучен на канализационата мрежа. Мештаните се жалат дека поради отпадот кој излегува од таму, се шири непријатна реа низ целото село. Сите жители пред 10 години дале по 30 илјади денари за канализација во о.Горче Петров. Парите не им се вратени, а како што изгледа, канализацијата сѐ уште е до никаде.
.
