Илјадници грла во 35 градови денеска ја отпејаа песната „Бог е вечен“ во пресрет на најголемиот православен христијански празник Божиќ, кога се празнува Христовото раѓање. Голем број верници ги посетија храмовите, а Здружението за возобновување а православните традиции„Бадникови поворки“ одржа и манифестација на која настапија познати македонски музчки ѕведи и актери. Голем број деца учествуваа во поворката од црквата Св. Димитрија до Соборниот храм.
„Јас во улогата на тетка Кате на извесен начин и необичен начин им го раскажувам целиот Божиќен настан на самите деца учесницви но и на добредојдената публика, да не беше книгата најубавиот Божиќен подарок на нашата Бадниковска така се презива и драматизацијата на Билјана Крајчевска немаше ова да биде случено на самата сцена пред црквата Св Димитрија и едноставно имаме добар повод се да раскажеме , а децата и да прочитаат и да научат“, изјави Снежана Конеска – Руси – актерка
Во Бадниковите поворки учествуваше и актерот Дејан Лилиќ. Со улога во претставата, но и како режисер помага во целата организација.
„Оваа година првпат се прави целосна манифестација каде се вклучуваат хорско пеење и поп ѕвезди и тетарска претстава, т. е. фрагмент од сликовницата „Најубавиот подарок за Божиќ“ кој сите деца ќе го добијат, бидејќи има 5000 пакетчиња и има ваков примерок во секое од нив“, вели Дејан Лилиќ – актер.
Вечерва православните христијани го слават Бадник со подготовка на Бадниковата вечера, а утре Божиќ, Христовото раѓање.
РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА
