Македонија

Багер прави брана каде излета голфот во тетовско, на лице место пристигна и јавен обвинител…

Багер прави брана каде излета голфот во тетовско, на лице место пристигна и јавен обвинител…

По извршената координација помеѓу субјектите кои се на терен и вршат потрага по возачот, денес побарано е да на местото на настанот пристигне јавен обвинител за да дозволи на местото каде што беше потонат а подоцна и изваден автомобилот повторно се интервенира со багер кој би направил брана за да може подетално да се претражи посочената локација.

Во Желино безуспешно заврши денешната потрага по возачот кој со„ Голф“ излета во Вардар

Во 15:25 часот јавениот обвинител заедно со началникот на СВР Тетово Амир Далипи е пристигнат на местото на настанот. Истиот дал дозвола да интервенира багер и моментално машината е во реката каде прави брана со цел подетално да се провери местото каде што излета автомобилот.

Еден вработен од ТППЕ Тетово и еден доброволец се во водата и детално вршат претрага на локацијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни