Багер во Визбегово за уривање дивоградба, штала на местото каде што треба да се гради училиште

 Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, во текот на вчерашниот ден разбра дека на земјиштето каде се предвидува да се изгради училиштето има дивоградба. Поради тоа денеска во Бизбегово испрати багер за да го урне објектот. Багерот на општината беше само неколку минути во Визбегово и без да го урне објектот се врати назад.

„Багерот на општина Бутел требаше рано наутро да го урне овој објект кој се наоѓа на земјиштето на кое е предвидено да се изгради училиштето. Но, во договорот со општината, чичко Иса Беќири, самиот ќе го урне објектот. По објаснувањето со општината, средено е се. Иса Беќири вети дека до попладне ќе го урне објектот“, вели репортерот на ТВ21 Зимер Јашари.

Откако багерот се врати назад, Иса Беќири самиот почна да ја урива шталата. Вели дека ја изградил бидејќи мислел дека парцелата е негова.

„Јас зборував со градоначалникот, се договоривме самиот да го отстранам објектот, но бидејќи имав смртен случај, не можев. Земјиштето од шталата, па натаму, е мое. Јас мислев дека е мое, но откако видовме со сателит, излезе дека е на државата и толку“, рече Беќири.

Н: Вие сте за изградбата на училиштето?

„Да. Јас уште од времето од мојот објект го пуштив патот бидејќи немаше каде. Многу добро знае Халиде Палоши. Но, не се случи, остана на тоа“, вели Беќири.

Иса Беќири, стоката и сите други предмети ги отстрани од шталата.

Визбегово повеќе од 20 години бара да се изгради училиштето. Министерот, Арбр Адеми, вели дека имаат средства за изградба, но дека чекаат одобрение за градба од Општина Бутел. Пред еден ден, градоначалникот, Велимир Смилевски, рече дека до крајот на месецот ќе ги завршат сите постапки.

Извор: ТВ21