Свет

Бајден и неговиот кинески колега Си ќе разговараат за Украина

Бајден и неговиот кинески колега Си ќе разговараат за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе разговара за руско-украинската војна со својот кинески колега Си Џинпинг.

Портпаролот на Белата куќа Џен Псаки најави дека американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега, Си Џинпинг, утре ќе разговараат телефонски.

Посочувајќи дека наведената средба е дел од напорите да се одржат отворени комуникациските канали меѓу САД и Кина, Псаки изјави дека двајцата лидери ќе разговараат и за руско-украинската војна и заедничките прашања, како и за управувањето со конкуренцијата меѓу нивните земји.

Вреди да се одбележи дека средбата Бајден-Ши се случи во време кога САД често ја предупредуваа Кина дека „поддршката на Русија во Украина или давање оружје на Русија ќе биде скапо“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни