Бајден и тимот за национална безбедност на консултација за ситуацијата на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе се врати во Вашингтон од Делавер за да се консултира со неговиот тим за национална безбедност, еден ден откако рече дека иранскиот напад врз Израел ќе се случи „порано, а не подоцна“.

Белата куќа објави дека Бајден го прекинал престојот во Делавер за да разговара за кризната ситуација на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) во соопштение на 1 април соопшти дека седум воени советници, меѓу кои двајца генерали и пет офицери, биле убиени во израелски напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, а Техеран ветил дека ќе возврати.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното