Свет

Бајден и Зеленски разговараа за почетокот на обуката на украинските пилоти за Ф-16

Бајден и Зеленски разговараа за почетокот на обуката на украинските пилоти за Ф-16

Заедно докажуваме дека вреди да се бориме за слобода и независност, нагласи украинскиот лидер.

Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот лидер Володимир Зеленски денеска разговараа во телефонски разговор за почетокот на обуката на украинските пилоти за летање со борбени авиони Ф-16, соопшти Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Бајден и Зеленски разговарале и за забрзано одобрување за други земји да ги префрлат своите борбени авиони Ф-16 во Украина, соопшти Белата куќа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни