Поранешниот американски претседател Џо Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциск во сабота со неговата сопруга Џил, соопштија од неговиот кабинет.
Парот на погребот ќе патува самостојно, а не со авионот на претседателот Доналд Трамп, кој исто така ќе присуствува на погребот.
Речиси 50 шефови на држави и десет монарси досега потврдија дека ќе присуствуваат на погребот, соопшти Ватикан.
Џо Бајден кој е католик, редовно ја изразува својата наклонетост и восхит кон папата Франциск, со кого имал неколку официјални и приватни разговори и чиј портрет го чува во Овалната соба.
Бајден планираше да го посети Ватикан на крајот на својот мандат во јануари за да му го врачи Претседателскиот медал на слободата на папата, најпрестижната цивилна награда во Америка, но мораше да го откаже патувањето поради пожарите во Лос Анџелес.
Папата Франциск почина во понеделник на 88-годишна возраст.
Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциск, но нема да патува со Трамп