Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Свет

Бајден нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, ќе имаат средба во јули

Бајден нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, ќе имаат средба во јули

Американскиот претседател Џо Бајден, кој нема да присуствува на денешното крунисување на Чарлс Трети, изјави дека ќе се сретне со британскиот крал во јули.

Бајден посочи дека фокусот на средбата ќе биде ставен на прашањата поврзани со заштитата на животната средина.

Претходно тој ќе биде на состанок на лидерите на земјите од НАТО што годинава ќе се одржи на 11. и 12 јули во литванскиот главен град Вилнус.

На крунисувањето на Чарлс Трети ќе присуствува и првата дама на САД, Џил Бајден.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни