Американскиот претседател Џо Бајден се консултирал со американските сојузници за најновиот тек на руската инвазија на Украина, соопшти Белата куќа.
Целта на повикот беше „да се разговара за нашата континуирана поддршка за Украина и за напорите Русија да биде одговорна како дел од нашата тесна координација“, соопшти Белата куќа.
Русија ја зазеде Кремина, првиот град во источна Украина како дел од новиот сеопфатен напад што Украина го опиша како „битка за Донбас“ чија цел е да ги заземе двата региони.
Видеоповикот траеше околу час и половина, а Бајден зборуваше од Собата за состојби во Белата куќа.
Во видеоповикот беа вклучени канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, британскиот премиер Борис Џонсон, лидерите на Полска, Јапонија и Италија.
