Американскиот претседател Џо Бајден во следните неколку часа ќе објави дека Израел и либанската милитантна група Хезболах се чини дека постигнале прекин на огнот што може да стави крај на војната во Либан, дознава Си-Би-Ес.
Според информациите на американскиот ТВ канал, договорот за прекин на огнот е постигнат со посредство на САД и Франција.
Според договорот, веднаш ќе стапи на сила целосен и траен прекин на огнот, а израелските сили ќе се повлечат во следните 60 дена, пишува медиумската куќа.