Свет

Бајру официјално му ја поднесе оставката на Макрон

Бајру официјално му ја поднесе оставката на Макрон

Сменетиот француски премиер Франсоа Бајру денес официјално му ја поднесе својата оставка на францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

Нешто пред 15:00 часот, тој беше виден како ја напушта Палатата и се враќа во седиштето на француските премиери, палатата Матињон, каде што ќе ги извршува своите должности до изборот на нов премиер, пишува BFM TV.

Според порталот, сите вработени во Матињон добиле покана за прошталната забава, која ќе се одржи во четврток напладне.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни