БАЛКАНОТ ВО СОЛЗИ: На само 48-годишна возраст почина позната актерка – со своите органи ќе спаси други животи

Актерката Сања Буриќ почина вчера во Сараево на 48-годишна возраст.

Оваа вест ја потврди еден од нејзините блиски пријатели, кој истакна дека убавата актерка ненадејно починала.

Како што пишува порталот „Аваз“, актерката повторно докажала колку е добар и голем човек, односно таа била регистриран донатор на органи.

Порталот вели дека нејзините здрави органи ќе бидат донирани на луѓе кои чекаат трансплантација.

Инаку, таа е родена е на 10 март 1973 година. Дејствувала на сцената на Народниот театар Сараево, камерен театар 55, и била вонреден професор на Академијата за изведувачки уметности.

Во култниот филм на Пјер Залика “Кај чичко Идриз”, таа ја играше Шила. Ќе остане запаметена по улогите што ги играше во бројни телевизиски и филмски продукции: “Црна хроника”, “Грбавица”, “Добро подесени мртовци”, ” Виза за иднината “.” На пат “,” Тешко е да се биде убав “,” Лето во златната долина “,” Полна месечина “…