Загрепска банка ги извести своите клиенти дека од денес повеќе нема да може да се плаќа со картички „Visa“, туку само со картички „MasterCard“.
Банката веќе испрати нови картички „MasterCard“ до сите корисници, и физички и правни лица, кои целосно ќе ги заменат.
Денес, сите картички „Visa“ на Загрепска банка ќе бидат деактивирани.
Банката објави дека оваа промена важи за сите корисници на Загрепска банка, и правни и физички лица.
