Македонија

Бараат превоз до училиште – 51 ученик од Брњарци ја бојкотираат наставата

51 ученик од селото Брњарци и понатаму не одат на училиште. Веќе две недели ја бојкотираат наставата, бидејќи немаат превоз до училиштето во Арачиново. Родителите не сакаат нивните деца секој ден да пешачат по 2 километри до училиште. Велат дека се во опасност бидејќи мора да ја поминуваат главната улица, која како што тврдат, е опасна за пешаците.

Во училиштето во селото Брњарци, кое спаѓа под општина Гази Баба, нема албанска паралелка. Директорот на училиштето „Скендербег“ во Арачиново, Азам Садики, вели дека се разгледува можноста децата Албанци да почнат со настава во нивното село, за да не мора да патуваат до Арачиново.

ТВ21 го посети и училиштето „Крсте Мисирков“ во Брњарци, но немаше никој претпоставен за да ни каже колку деца учат и дали има место и за учениците Албанци.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни