Барање од Украина за екс-советско оружје во Бугарија

Амбасадорот на Украина во Софија Виталиј Москаленко побара од Бугарија екс-советско оружје. Бугарското Министерство за надворешни работи се уште не одговорило на барањето.

„Потребно ни е старо советско оружје, хаубици и ракетни системи што знаеме да ги користиме“, изјави Москаленко за бугарскиот телевизиски канал БТВ.

Се вчитува...

Москаленко на 3 јуни изјави дека со официјален документ сака оружје за Украина од Бугарија и најави дека ќе се јави до институциите како Министерството за одбрана.

Москаленко најави дека во Бугарија ќе се поправаат и 80 тенкови од Украина.
Бугарското Министерство за надворешни работи се уште не одговорило на барањето.