Свет

Барел нафта утрово се продава за 105 долари – пазарот на криптовалути стабилен

Барел нафта утрово се продава за 105 долари – пазарот на криптовалути стабилен

Нафтениот пазар од утрово е стабилен и бележи благ пад на цената на барелот во однос на вчерашниот ден.

Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утринава изнесува 105 долари, што е пад од 1% во однос на вчерашниот ден. На американскиот пазар цената на барелот е 99 долари.

Биткоин утрово 46.000 долари

И пазарот на криптовалути е стабилен. Биткоинот утрово вреди 46.469, што е пад од 0,21 отсто во споредба со вчера. Други криптовалути во зелено.

Пченица и пченка

Цената на пченицата и утрово е во минус. Еден тон е 984 долари, што е пад од 2 отсто. Во минус е и цената на пченката и изнесува 735 долари, што е пад од речиси два отсто во однос на вчерашниот ден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни