Бебе и плажа – еве неколку совети

Иако повеќето родители веќе се запознаени со чекорите кои што треба да ги преземат при заштита на кожата на бебето во летниот период, сепак некои работи како што се бројот на заштитниот фактор и штетните состојки често се забораваат.

Имено, американската академија за педијатрија одобри употреба на крема за доенчиња помали од шест месеци, и истата треба да му ја нанесете на лицето и телото 20 минути пред да ја напуштите куќата.

Потребна е внимателност доколку планирате да го минете целиот ден надвор, а постојано внимавајте на вашето бебе со цел да избегнете и најмали изгореници од сонцето.

Доколку забележите црвенило, веднаш вратете се на затворен простор.

Еве неколку совети:

  • Секогаш барајте сенка

Дозволете им на бебињата да си играат на отворено, но под сенка, односно ограничете го директното изложување на сонце. Секогаш носете чадор на плажа, а бебето облечете го во памучна облека и ставете му летна капа. Обидете се да не го минувате попладнето надвор.

  • Бебето можеби е алергично на кремата за сончање

За да проверите прво, ставете само мала количина. Пара-аминобензоевата киселина (PABA) е состојка која најчесто се поврзува со алергиски реакции. Внимавајте и на бензофенони и антранилати.

  • Производите со заштитен фактор помал од 15, не можат да ги спречат негативните ефекти на изложеност на УВ зраците.

Крема која содржи СПФ-50 е идеална заштита ако се нанесува на секои два часа додека сте на отворено. Ако вашето дете се поти или поминува време со вас во вода, мачкајте го на секои 40 минути.

Не заборавајте да го подмачкувате задниот дел на ушите, внатрешноста на колената и дланките.

Исто така, треба да се користи крема за сончање дури и кога деновите се облачни и посвежи.