Македонија

Бебе од Куманово заврши во болница по труење со средство за чистење

Бебе од Куманово заврши во болница по труење со средство за чистење

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако дошло во контакт со средство за чистење, по што било пренесено на лекарска помош во Општата болница во градот.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека случајот бил пријавен синоќа.

„На 10.06.2026 година во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечно дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење“, соопштија од полицијата.

По пријавата, полициски службеници извршиле службен разговор со мајката на детето, а увид на местото направила увидна екипа од СВР Куманово.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни