Балкан

Бебе падна од четврти кат во Подгорица

Бебе падна од четврти кат во Подгорица

Едногодишно бебе кое падна од четвртиот кат на зграда во Подгорица е во стабилна состојба, објави денес порталот RTCG, повикувајќи се на извор од Клиничкиот центар на Црна Гора.

Бебето наводно нема повреди на главата или стомакот.

Според изворот, падот на бебето најверојатно бил ублажен од тендата на која паднало.

Оперативниот и комуникациски центар на Полициската управа објави дека во петокот во 20:33 часот полицијата била известена дека бебето паднало од четвртиот кат на улицата Далматинска во Подгорица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни