Бебињата заразени со бактеријата клебсиела се во стабилна здравствена состојба, потврди директорот на болницата „Градишка“, Рајко Додик во Србија.
Додик рече дека во моментот на раѓањето на бебето од болницата Градишка врз основа на клиничката слика се посомневале дека се работи за присуство на таа бактерија и веднаш ги упатиле новороденчињата во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска.
Тој вели дека по ова немало повеќе пријавени случаи на вирусот.
– Во тој момент веднаш го преместивме одделението каде што се породува и веднаш го дезинфициравме и стерилизиравме тој простор. После тоа имаше уште породувања, но ништо не покажа присуство на таа бактерија – изјави Додик.
Додик истакна дека присуството на секоја бактерија во телото, вклучувајќи ја и Клебсиела, може да биде фатално.
Клебсиела е грам-негативна бактерија која предизвикува тешки инфекции на респираторниот и урогениталниот тракт.