ВИДЕО: Беким Мемети е избеганиот затвореник: Му го одзел пиштолот на возачот и пукал во него, па избегал со ауди

„На 12.01.2023 г. во 23.20 ч. четворица вработени во Затворска полиција кои биле со комбе „форд транзит“ на Затворската полиција побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје, откако, според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М. , од КПУ Идризово кон Ургентен центар „Мајка Тереза“, на автопатот, осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х. (вработен во Затворска полиција), пукал и го ранил И.Х.. Потоа осуденикот избегал со патничко возило „ауди“. Повредениот вработен во Затворската полиција е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

  • ВИДЕО ОД ИНЦИДЕНТОТ

ВИДЕО: Филмско грабнување на затвореник на пат кон Идризово, ранет полицаец

Телма дознава дека станува збор за осуденокот Беким Мемети.

Телма веќе овјави дека еден припадник на затворската полиција од КПУ Идризово е ранет доцна синоќа откако нивното возило било пресретнато и нападнато при транспорт на затвореник кој добивал лекарска помош. Возилото на затворската полиција се движело кон затворот Идризово, кога засега непознати лица со друго возило им го пресекле патот, удриле во возилото во кое бил затвореникот и со огнено оружје се пресметале со припадници на затворската полиција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното