3,7 Милијарди евра ќе тежи буџетот на Република Македонија за 2019 година. Според предвидените проекти на Владата, овој буџет е повеќе социјален отколку развоен. Но, министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека и минатите години буџетите биле социјални. Во емисијата Клик Плус, министерот фокусот го стави на приходите кои ќе се зголемат за 3,2%, и на дефицитот кој според проекцијата ќе биде 2,5%.„Овој буџет ќе донесе пореален економски развој во Република Македонија, но истовремено и предвиденото, вклучувајќи ја тука и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ“, рече Крешник Бектeши, министер за економија.
Елми Азири од Алијанса за Албанците, упати повеќе критики додавајќи дека владата воопшто не покажала подготвеност за подобрување на состојбата на институциите која според него, е иста како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа влада според наше мислење и според податоците кои ги имаме, малку или воопшто нема покажано подготвеност за подобрување на состојбата на институциите, која фактички е иста како во времето на ВМРО“, се изјасни Елми Азири од Алијанса за Албанците.
И економскиот аналитичар Висар Адеми, го критикуваше предлог буџетот, за кој рече дека е без модел. Според него, овој буџет не се разликува од претходните години, па поради тоа, како што рече, претставува продолжување на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
„Нашиот модел е да се фокусираме на неколку сектори, туризмот, АЈ-СИ-ТИ и друго. Ова повеќе е продолжување на политиките на ВМРО и ДУИ, почнувајќи од концептот на странските инвестиции и иновациите на Пешевски заедно со неговиот сектор. Тоа покажува дека нема фокус на економскиот концепт“, потенцираше Висар Адеми, економски аналитичар.
Дебатата меѓу Бектеши и Азири се вжешти кога Азири побара отчет од министерот за инвестициите во образованието.
Репортер: Салиjе Садику
