Бектеши и Лика заминуваат, Аргетим Салиу и Атила Реџепи нови имиња во Влада?

Ќе има смена на министерските позиции кои ги водат министри од редовите на ДУИ.

Неофицијално ТВ21 дознава е планирама смена на функциите – министер за економија и вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор.  Неофицијално, дознаваме дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварил средба со Аргетим Салиу, за да го замени Крешник Бектеши на позицијата министер за економија.

Атила Реџепи би требал да дојде на местото на Хазби Лика. Истите партиски извори велат дека самиот премиер побарал од претседателот на ДУИ, Ахмети, поради неефикасноста на овие два ресори, да бидат направени измени.

ТВ21 контактираше со Бујар Османи, но досега не добивме став.

Извор: ТВ21