Бектеши: Нема да се отвораат нови каменоломи во Лабуништа

„Министерството за економија не остана со скрстени раце од моментот кога беше отворена оваа тема од страна на жителите на село Лабуниште. Пред една недела донесов одлука да доставам до владата запирање на сите иницијативи во овој регион. Решивме да ги откажеме тие иницијативи. Во регионот на селото Лабуниште повеќaе нема да се отвораат нови каменоломи. Решивме да го раскинеме договорот со два од шесте каменоломи, а еден од каменоломите доброволно се повлече. Исто така, техничкиот инспекторат и животната средина го подготвуваат извештајот за инспекција на други каменоломи за преземање дејствија“, изјави Крешник Бектеши во емисијата 10 минути на ТВ21.

Извор: ТВ21