Бела Хадид призна дека честото губење на самоконтрола ја натерало да престане да пие пред шест месеци.
„Пиев многу“, вели таа.
Хадид изјавила дека и станало многу потешко да ги „преврти чашите“ откако лекар и ги покажал скенираните фотографии кои ги откриваат ефектите на алкохолот врз нејзиниот мозок. Таа за еден весник изјавила дека планира да остане трезна во догледна иднина.
„Повеќе не чувствувам потреба [да пијам] бидејќи знам како тоа ќе влијае на мене во 3 часот по полноќ кога ќе се разбудам страшно вознемирена, сеќавајќи се на кошмарната работа што ја кажав пред пет години кога завршував средно училиште“, призна Хадид.
Претходно, Хадид откри дека страдала од „екстремна депресија и анксиозност“ во објава споделена на Инстаграм.
„Мојата социјална анксиозност беше нешто што полека се вовлекуваше во мене кога навлегував во дваесеттите“, објасни таа.
„Сè потешко ми беше да излегувам без пијачка за да ги смирам нервите, поради што воопшто не сакам да излегувам, па само влегов во хибернација меѓу работните обврски.“ , вели Хадид.
