БЕЛАТА КУЌА ГО ПОДДРЖИ ПЛАНОТ НА ИЗРАЕЛ: Елиминирањето на раководството на Хамас е корисна тактика

ИЗРАЕЛ има намера да го ликвидира раководството на радикалното палестинско движење Хамас и САД сметаат дека тоа е корисна тактика, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Според него, ликвидацијата на раководството ќе ги намали можностите (на Хамас) да спроведува операции.

– И на тоа е фокусиран Израел… Мислиме дека тоа е корисна тактика – одговори Кирби на прашањето дали Вашингтон ја смета за реална „целта на Израел да го уништи Хамас“.

– Од сопственото искуство знаеме дека не сте секогаш способни да уништите некоја идеологија, но дефинитивно може да ѝ отежнете на групата да спроведува операции, да тренира, да најде ресурси, да планира и да изведува напади со елиминирање на нејзиното раководство. Се разбира, неопходно е да се елиминираат изворите на нивното финансирање. Воведовме санкции против самиот Хамас – одговори Кирби.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното