Свет

Белата куќа најави дипломатски бојкот на Олимпијадата во Пекинг

Белата куќа најави дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг следната година.

Одлуката е протест против кинеското непочитување на човековите права.

Вашингтон нема да испрати официјална делегација, како што е традиција, но американските спортисти можат да учествуваат на Олимпијадата. Претходно Пекинг предупреди дека во случај на бојкот ќе бидат преземени „решителни контрамерки“.

Кина е обвинета за геноцид врз муслиманското малцинство Ујгур, како и за кршење на политичките слободи во Хонг Конг.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни