Карантинот кој Белгија го воведе со цел намалување на заразените со Ковид-19, даде плод, но Владата и натаму не планира да ги ублажи рестриктивните мерки, иако бројот на заразени е во пад.
Дури за три пати е намален бројот на нови случаи во однос на почетокот на ноември, а опаѓа и бројот на пациенти кои се на интензивна нега.
На крајот на октомври и почетокот на ноември Белгија имаше од 16 илјади до 20 илјади заразени на ден, а сега бројката се движи околу 3.000.
Властите, меѓутоа, сметаат дека ситуацијата и натаму е критична, и дека не е добро сега да се тргне кон отворање и укинување на карантинот.
Најавено е дека полицискиот час би можел да биде укинат нешто пред Божиќ, но со дополнителни мерки кои мора да се почитуваат.
„Не сакаме за тие четири дена празник, да упропастиме се што сме правеле четири недели“, рече премиерот Александар Де Кро.
The post Белгија не ги олабавува мерките, иако бројот на заразени драстично опадна appeared first on TV21.mk.
