Балкан

Белград без градски превоз – возилата повлечени во гаража поради Видовден и најавените настани

Белград без градски превоз – возилата повлечени во гаража поради Видовден и најавените настани

Градскиот превоз во централното подрачје на Белград попладнево е целосно запрен, а на сите возачи им е наложено возилата да ги вратат во гаража.

Превозните средства повеќе не сообраќаат низ главниот град на Србија, а засега нема информации кога повторно ќе бидат вратени на улиците.

Запирањето на градскиот превоз се случува на денешниот државен празник Видовден, кога во Белград се најавени повеќе настани – протест на студентите кои го продолжуваат својот штрајк со блокади, литературна вечер пред Народното собрание, доделување на државни одликувања, како и свечена седница на Владата на Србија што се одржува во Крушевац.

Надлежните власти сè уште не се изјаснија кога би можело да се нормализира јавниот сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни