Белград добива бесплатен јавен превоз од 1-ви јануари!

Од 1 јануари 2025 година, сите граѓани и посетители на Белград ќе можат бесплатно да користат јавен превоз, без потреба за купување дневни или месечни билети и без попусти. Бесплатната услуга ќе важи за автобуси, трамваи и тролејбуси.

Оваа вест ја објави градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, на прес-конференција во Стариот дворец.

„Од 1 јануари 2025 година, јавниот превоз во Белград ќе биде целосно бесплатен. Ова значи дека никој повеќе нема да треба да купува билети, а ќе исчезнат и месечните, годишните или другите попусти“, изјави Шапиќ.

Тој истакна дека иако во некои помали европски градови се воведени бесплатни превозни услуги, Белград ќе биде првиот голем град што ќе го направи ова.