Белград утринава беше најзагадениот град во светот со алармантно лош квалитет на воздухот, пренесува весникот Блиц.
Според податоците од апликацијата „IQ Air“, Белград повторно го зазеде срамното прво место на листата на најзагадени градови во светот. Како што се наведува во споменатиот прилог, утринава квалитетот на воздухот во главниот град на Србија е обоен со црвена боја, што укажува дека е штетен по здравјето, а индексот на загаденост е 172.
Нешто „подобра“ е состојбата во главните градови на Индија, Полска и Обединетите Арапски Емирати, кои се рангирани на второто, третото и четвртото место на оваа листа. Меѓу првите пет е и Кина, односно главниот град Пекинг, кој исто така е обоен во црвено – знак за многу нездрав и загаден воздух, пишува „Блиц“.