Балкан

Белград во првите три по загаденоста на воздухот

Српската престолнина Белград влезе во црвената зона за аерозагадување .

Со Дубаи ја дели третата позиција на листата на најзагадени градови во светот, а пред нив се само Лахоре и Њу Делхи.

Изминативе денови густа магла можеше да се забележи во речиси сите делови на Белград.

Местата за следење на квалитетот на воздухот предупредија дека е нездрав поради зголемената концентрација на ситни честички – 17 пати повисока од годишната референтна вредност на Светската здравствена организација за квалитетот на воздухот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни