Свет

Белорусија: Доаѓа руската армија

Белорусија: Доаѓа руската армија

Министерството за одбрана на Белорусија денеска соопшти дека руските сили ќе почнат да пристигнуваат во Русија во наредните денови.

Како што тврди Белорусија, станува збор за испраќање заеднички сили на Русија и Белорусија на границата со Украина поради, како што неодамна изјави белорускиот диктатор Александар Лукашенко, украинската закана за напад на Белорусија.

Украина постојано негираше дека планира каков било напад врз Белорусија, еден од ретките сојузници на рускиот претседател Владимир Путин. Белорусија, од друга страна, соопшти дека заедничкото распоредување на руските и белоруските сили на границата е од „одбранбен карактер“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни