Бенџамин: Неверојатно е дека останав без златен медал со 46.17

Атлетичарот од САД, Рај Бенџамин тешко се помири со фактот дека во трката на 400 метри со пречки истрча време побрзо од светскиот рекорд, а сепак остана без златен медал на Игрите во Токио.

Норвежанецот Карстен Вархолм го освои златниот медал со нов светски рекорд од 45.94 секунди.

Американецот Бенџамин го освои сребрениот медал со 46.17, што, исто така, беше побрзо од стариот светски рекорд, додека бронзата му припадна на Бразилецот Алонсо дос Сантос (46.72).

„Ако пред Олимписките игри некој ми кажеше дека ќе истрчам 46.17 и ќе загубам, веројатно ќе го претепав“, изјави Бенџамин.