Берово со најмногу нови Ковид-19 случаи на крајниот Исток

Берово е новото жариште на коронавирус, откако по вчерашните осум случаи, денес се регистрирани девет нови случаи на Ковид-19. Поради долгото процесирање на резултатите на тестовите на социјалните мрежи со свои реакции излегоа неколку пензионирани лекари, кои велат дека е потребен пункт со поголем капацитет за тестирање.

Во Малешевијата денес освен девет нови позитивни случаи во Берово регистриран е и еден позитивен пациент во Пехчево. Во двете општини во моментот има 28 активни случаи на Ковид-19.

Во соседните општини денес има четири нови случаи со Ковид-19, од кои три во Делчево и еден во Македонска Каменица.

.

Извор: ТВ21