Свет

Бес на социјалните мрежи: Макрон го вади луксузниот часовник за време на интервју

Бес на социјалните мрежи: Макрон го вади луксузниот часовник за време на интервју

Гневот на Французите поради пензиската реформа, која упорно ја турка францускиот претседател Емануел Макрон, се разгоре со неговиот потег кога тој дискретно го извади часовникот за време на телевизиско интервју.

И додека не стивнуваат протестите во Франција за пензиската реформа со која се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, на социјалните мрежи се водат дебати за цената на часовникот на Макрон и причините за негово симнување.

Некои корисници тврдат дека во едно телевизиско интервју во средата, францускиот претседател носел часовник вреден 80.000 евра и како таков недостижен за мнозинството Французи, за чија пензија зборувал во споменатата емисија.

Од Елисејската палата соопштија дека цената што и се презентира на јавноста не е точна и дека се работи за часовник кој чини меѓу 1.600 и 3.300 евра. „Тоа е часовник што редовно го носи повеќе од година и пол“, се додава во објавата.

Според тврдењата на неговите претставници, претседателот го симнал часовникот откако удрил во масата за време на разговорот. Како што може да се види на видеото, Макрон гестикулирал со рацете додека ги изнесувал аргументите за пензиската реформа и во таа прилика го удрил часовникот на масата, што се слушнало гласно.

Продолжувајќи да зборува, ги протна рацете под масата и дискретно го извади часовникот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни