Беса одржа состанок на Централно претседателство на кое се дискутирало за формирањето на собраниските комисии.
Се вчитува...
Од партијата велат дека главен камен на „сопнување“ е Комисијата за европски прашања за која инсистира и ДУИ да ја предводи, но со тоа не се согласуваат од Беса од каде бараат претседателското место во Комисијата да им припадне ним.
Извори од партијата велат дека се уште не ги почнале разговорите за третиот ешалон со коалицискиот партнер СДСМ и дека најнапред ќе се инсистира на формирање на собраниските комисии и избор на заменици министри, а дури потоа за именување на директори.
.
