БЕСА: Постапките на Маричиќ и Нухиу овозможуваат амнестија на криминалците

„Последниве денови во Северна Македонија правосудниот систем е сериозно на удар со обидот за амнестија на лица кои имаат проблеми со законот, како што е неодамнешниот случај на сторителот на нечовечкото дело – убиецот на 4 годишниот Алмир. Неодамнешните постапки на министерот за правда и заменик министерот од ДУИ овозможуваат амнестија на криминалците и престапниците во оваа земја“, реагираат од политичката партија БЕСА, преку писмено соопштение до медиумите.

„Движењето БЕСА го потврдува ставот дека без реформирани судови и без промена на стариот менталитет наследен од комунистичкиот систем, Северна Македонија секогаш ќе паѓа на испитот за приближување до вредностите на западната правда каде правдата не признава етничка или верска припадност.Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, во случајов претседателот на државата, Стево Пендаровски, сериозно да ги сфатат чувствителните случаи и да размислат и да не го потпишат нивното помилување.

Движењето БЕСА бара предвремени парламентарни избори за да и се зададе удар на старата политичка каста, која ги враќа мрачните работи кои со години ја поткопуваа и нарушуваа демократијата. Ако продолжи оваа влада, тогаш народот ќе ги искористи сите демократски средства за да го урне режимот СДСМ-ДУИ и другите помали албански партии кои ги скршнуваат двете најголеми владини партии“, стои во писмената реакција.

Поврзани вести

Најважното