Беса со три амандмани за измените, ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став

Парламентарното мнозинство е убедено дека уставните измени од Преспанскиот договор ќе се гласаат на 9 јануари и се очекува поддршка од над 80 пратеници. Но албанските опозициски партии поднесоа амандмани.

Движење Беса на Биљал Касами ќе интервенира со три амандмани за законот за јазиците, Преамбулата и дијаспората.

Се вчитува...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став за уставните измени. Пратениците имаат право да предложат амандмани пред почетокот на пленарната седница која се очекува да почне на 9 јануари следната година.

За да поминат уставните измени потребно е 2/3 мнозинство од пратениците.

Извор: ТВ21