Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Бесерменји од Белград за 4ТВ: Излезноста во Србија може да надмине 70 отсто

Бесерменји од Белград за 4ТВ: Излезноста во Србија може да надмине 70 отсто

И покрај пријавените нерегуларности на повеќе локации во Србија, голем број граѓани излегоа на гласање на предвремените парламентарни избори. Според новинарот Игор Бесерменји, кој директно од Белград се вклучи во отвореното студио на 4ТВ, обидите за заплашување на граѓаните не успеале да ја намалат излезноста.

Осврнувајќи се на изборниот ден, Бесерменји посочи дека, според неговите сознанија, нерегуларности биле забележани во Белград и Панчево, но дека е можно слични случаи да имало и на други места во земјата.

Тој оцени дека, и покрај случувањата што можеле да предизвикаат страв кај граѓаните, интересот за гласање останал висок.

„Очигледно е дека ништо од обидите за заплашување на граѓаните и намалување на излезноста не успеало, бидејќи очекуваме излезност од над 70 отсто“, истакна Бесерменји.

Според него, големото учество на граѓаните покажува дека значителен дел од нив сметаат оти се потребни промени во земјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни