Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Бесерменји за 4ТВ: Граѓаните во Србија ја изгубија довербата во институциите

Бесерменји за 4ТВ: Граѓаните во Србија ја изгубија довербата во институциите

Недовербата во институциите и чувството дека не постои еднаков третман за сите граѓани се меѓу главните причини за незадоволството во Србија. Ова го истакна новинарот Игор Бесерменји во разговор во отвореното студио на 4ТВ за изборите во Србија, во кое директно се вклучи од Белград.

Според Бесерменји, актуелните избори не се само прашање на политичка определба, туку и одраз на подлабокото незадоволство од функционирањето на државниот систем.

Тој посочи дека студентската листа обединува граѓани со различни политички ставови, но дека заеднички проблем е перцепцијата дека институциите со години не функционираат соодветно.

Бесерменји оцени дека во Србија се создала група привилегирани луѓе, додека голем дел од граѓаните имаат чувство дека немаат еднаков пристап до институциите и правдата.

„Сите знаеме дека еден од нашите големи проблеми е тоа што институциите не функционираат со години и што постои класа привилегирани луѓе“, истакна тој.

Според новинарот, токму чувството на неправда е еден од факторите што ги поттикнува граѓаните сè поактивно да се вклучуваат во општествените и политичките процеси.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни