„Беше почната постапка за Иванов, но таа некаде заглави“, рече Николовска

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбург Маргарита Цаца Николовска во „ЕУклик“ на ТВ21 изјави дека почната била постапката за екс претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, но таа некаде заглавила.

Се вчитува...

„Почната беше постапка кај Иванов, но таа некаде заглави, и тоа е едно политичко прашање. Кога се нема доволен број гласови за да помине импичментот, кога се нема доволно гласови.. Тоа е веќе поминато, и мислам дека постапката околу импичментот е завршена, истата не може да се врати назад, а по однос на некоја друга одговорност, тоа органите во државата треба секој во рамките на својата надлежност да размислува и да постапува“, вели Николовска.

.

Извор: ТВ21