Познатата актерка и телевизиска водителка Весна Петрушевска во најновата епизода на подкастот со Боки 13 отвори досега непознато поглавје од својот приватен живот – нејзината младешка љубовна врска со поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.
„Ме гледаше на една претстава и ми пријде. Со еден збор – шмекер!“, раскажа Петрушевска, откривајќи дека врската траела речиси една година. Таа ја опиша нивната романса како интензивна и полна со емоции, а Црвенковски – како исклучително интелигентен и харизматичен маж.
„Беше прекрасен, препаметен и прецизен во мислите, но и вистински шмекер во приватниот живот“, изјави таа. Според неа, нивните средби се одвивале во приватен стан во скопската населба Капиштец, во периодот кога тој сè уште ја извршувал функцијата премиер на државата.
Петрушевска додаде дека ја памети таа врска со топлина и почит: „Го паметам како еден исклучителен човек, не само интелектуално, туку и човечки“, рече таа, не сакајќи да открива повеќе детали.
