Министерот за финансии, Фатмир Бесими во ТВ21 најави дека обезбедени се 80 милиони денари за лекор Ремдесивир.
Veklury (Ремдесивир) е лек за третман на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш.
Вкупно 460 милиони денари се предвидени во буџетот за 2020 и 2021 година за вакцината против коронавирус, откри вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, министерот за финансии, Фатмир Бесими.
„Од кредитната линија од светска банка можеме да повлечеме колку имаме потреба за да се вакцинираат сите кои имаат потреба“
рече Бесими во „Click Plus“ на ТВ21.
Бесими додава дека за лекот Ремдесивир се предвидени 80 милиони денари во буџетот.
„Во буџетот сме обезбедиле 50 милиони евра за Ковид програмата во 2021 година. Тука се предвидени и за петтиот пакет. Тие средства стојат во буџетот како резерва за Ковид програмата, за мерките кои треба да се реализираат“,
рече Фатмир Бесими во „Click Plus“ на ТВ21.