Бесна сопруга го продава својот сопруг на аукција без можност за замена и враќање – еве зошто!

Мајка од Нов Зеланд го ставила својот сопруг на аукција откако ги оставил неа и нејзините две деца дома за да оди на риболов, пишува The Independent.

Имено, Линда Мекалистер во описот на „робата“ рекла дека нејзиниот сопруг Џон „ќе биде верен ако редовно се храни и полева“.

Мекалистер дава информации за висината, тежината и возраста на нејзиниот сопруг и ги наведува неговите хоби, вклучувајќи лов и риболов. 

Сопругата исто така додала дека во непозната средина, нејзиниот сопруг можеби е „анксиозен, но знае како да се смири“.

„Не е предмет на размена и враќање“, стои во последната реченица.