Breaking По невремето: Блокирани патишта, болницата во Штип без кров, Кочани без струја и вода, Скопје со над 9.000 повици за помош
Балкан

„Бев облеан во крв, психички го допрев дното“: Драматична исповед на Србинот кој беше повлечен од авион по кршење на прозорецот

„Бев облеан во крв, психички го допрев дното“: Драматична исповед на Србинот кој беше повлечен од авион по кршење на прозорецот

„Спиев. По некое време ме разбуди пресилен тресок, звучеше како експлозија на бомба. Бев свесен само во еден момент, а потоа сè се стемни. Кога се освестив, бев облеан во крв. Ми течеше по лицето и по рацете.“

Вака Љубиша Каровиќ, српски државјанин и сопственик на фабрика за алуминиум, ги опишува драматичните моменти од пеколот што го преживеа пред две недели на летот од Солун кон Минхен. Неговиот живот буквално висеше на конец откако на сред лет се скрши еден од прозорците на авионот, а силниот притисок и воздушниот вакуум делумно го повлекоа неговото тело надвор од леталото.

По две недели од хоророт на небото, последиците се видливи и болни. Каровиќ во моментов носи Шанцова кравата на вратот, која според лекарските препораки ќе мора да ја задржи најмалку шест недели, а на рацете сè уште има сериозни изгореници — суров потсетник на стравичното триење на воздухот при екстремната брзина. Сепак, психичките лузни се многу подлабоки од физичките.

„Штом ги затворам очите, ми се враќаат сликите од тие неколку минути. Тоа е кошмар што не можам да го опишам со зборови. Сега сè ме мачи — бучавата, вревата, не можам нормално да одам ниту по улица. Психички го допрев дното“, искрен е Љубиша, додавајќи дека по инцидентот е целосно променет човек.

Како столбови на семејството и успешен бизнисмен, тој вели дека неговата нефункционалност во моментов се одразува врз сите околу него.

„Јас бев ’моторот‘ на целото семејство, сè зависеше од мене. Сега мојот живот е целосно нарушен. Воопшто не можам да се концентрирам и да се фокусирам на ништо, едноставно повеќе не функционирам правилно“, објаснува тој.

За враќање во авион, Каровиќ вели дека воопшто и не помислува. Секој звук на летало на небото кај него предизвикува паника, треска и страв кој сè уште не може да го надмине.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни