И покрај наредбите, некои граѓани на самопрогласената Народна Република Доњецк немаат намера да ги напуштат своите домови.
Има луѓе кои свесно остануваат на територијата на Доњецк и не се плашат од опасност, навлечени од искуството од 2014 и 2015 година.
- Прво, мојот сопруг е болен, врзан за кревет. Па и внука ми е тука, не сакаме да се евакуираме. Сакаме да останеме дома. Не се плашам. Ги преживеавме 2014 и 2015 година и сега ќе преживееме. Ова е нашиот Доњецк, мислам дека се ќе биде во ред – изјави еден од граѓаните на самопрогласената република.
Во петокот шефовите на самопрогласените републики најавија мобилизација и масовна евакуација на цивилното население од ДНР и ЛНР во Русија.
Украина и самопрогласените републики продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за силно гранатирање и кршење на договорот од Минск.
Во последниот објавен извештај на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ се наведува дека врз основа на информации добиени од мониторинг тимовите, до 18 февруари 2022 година, во регионот на Доњецк се регистрирани 591 прекршување на примирјето, вклучувајќи 553 експлозии.