Македонија

Без поддршка од СДСМ – Максим Димитриевски независен кандидат на локалните избори

Актуелниот градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ, ќе оди како независен кандидат на претстојните локални избори откако партијата не го соопшти досега неговото име за кандидат.

„Да ќе ја доставам кандидатурата денес во ДИК. Во текот на денот ќе имам прес“, рече тој.

Тој најави и прес конференција во текот на денот, на која ќе бидат образложени причините за одлуката.

Инаку, СДСМ се уште не промовирал кандидат за градоначалник на Куманово, додека пак од ВМРО-ДПМНЕ кандидат е актерот Тони Михајловски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни